септември 16, 2019

Освежителен курс по прва помош во Црвен крст на РС Македонија-Општинска организација Карпош

                    Во рамките на Кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинската организација Карпош, на 11 и 13 Септември 2019 година спроведе два освежителни бесплатни курсеви по прва помош наменет за возачи. 

                  Едниот освежителен курс се одржа во просториите на Адинг-Скопје и на истиот присустуваа 25 слушатели –  вработени, а вториот во просториите на Општинската организација Карпош и присуствуваа 15 слушатели–полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на РСМ.

                 Предавањата беа реализирани од страна на едуциран предавач-лекар и демонстратор, а вкупно 40 слушатели имаа можност да го подигнат сопственото ниво на знаење за брза и витална интервенција чија цел е да спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.

< врати се назад