
август 21, 2019
Освежителен курс по прва помош во Црвен крст на РС Македонија-Општинска организација Карпош
📍 Во рамките на Кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација Карпош на 13 Август 2019 спроведе освежителен бесплатен курс по прва помош наменет за возачи.
➡️ Курсот се одржа во просториите на Општинската организација Карпош од страна на лекар предавач со користење на визуелни презентации и практично демонстрирање на укажување на прва помош.

👫 Вкупно 17 слушатели имаа можност да го подигнат сопственото ниво на знаење за брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.


👩 На курсната настава учествуваше и Г-ѓа Мирјана Трпческа -новинарот во ТВ Канал 5 и водител на дебатната емисија „Само вистина“, која преку видео порака ја поздрави Кампањата и упати апел за вклучување на сите останати граѓани во истата.

