
ноември 6, 2026
Општина Карпош додели благодарници на повеќекратни дарители
По повод Денот на Општина Карпош, во рамките на активностите за одбележување, градоначалникот г-дин Сотир Лукровски, на 28.10.2026г. додели благодарници на жители и вработени во Општината кои се повеќекратни дарители.
Жители на Општина Карпош добитници на благодарница:
- Љупчо Павловиќ
- Љубиша Трајкоски
- Игор Андреевски
- Ангелче Пановски
- Сашо Антоновски
- Игор Стефановски
Вработени во Општина Карпош добитници на благодарница:
- Ермин Шаровиќ
- Александар Арсов
- Виолета Михајловска
- Марија Аврамовска
Представници од Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош присуствуваа на настанот за доделување на благодарниците, при што изразија благодарност до крводарителите за нивниот бесценет придонес, а на Општина Карпош ѝ го честитаа роденденот со желби за продолжување на успешната и хумана соработка.












































