февруари 28, 2024

Одржани вторите ЦКА-ПХВ работилници

Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош на 16 и 19 февруари 2024 година ги спроведе вторите ЦКА-ПХВ работилници, за 31 младинец на македонски јазик и 30 младинци на албански јазик.

       На четиричасовните работилници кои беа реализирани од страна на двата обучени ЦКА-ПХВ дисеминатори, учесниците имаа имаа можност да се стекнат со знаења како при изработка на малите проекти за поддршка во заедницата да дејствуваат на терен, да направат процена на потребите и да дефинираат цел и целна група.

< врати се назад