
Одржани се трите ЦКА-ПХВ работилници на македонски јазик
Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 06, 10 и 12 февруари 2025 година ги спроведе трите ЦКА-ПХВ работилници на македонски јазик за 38 младинци – ученици од 4 средни и 2 основни училишта.
Преку овие работилници младите стекнаа соодветна едукација за препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти и самостојно организирана пракса на терен, преку директна помош на ранливото население. Секоја година преку оваа програма учествуваат 30 општински организации на Црвен крст ширум земјата со опфаќање на 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години кои изработуваат околу 150 мали проекти за добробит во заедницата.
Работилниците ги спроведе обучен дисеминатор со поддршка од 5 волонтери од Клубот на млади.
