февруари 4, 2020

Одржани првите дисеминациси сесии во рамките на ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година

На 31 јануари 2020 година во просторот на библиотеката во Средното училиште ,,Никола Карев,, и во Сарај, се одржаа првите две работилници за дисеминација за учесниците во ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година.

Првата работилница на македонски јазик ја спроведе Анастасија Јакчулева- обучен десиминатор по ЦКА-ПХВ методологија и на истата учествуваа вкупно 45 ученици од 3 основни училишта: Вера Циривири Трена, Мирче Ацев, Христијан Тодоровски Карпош и 4 средни училишта: “Никола Карев”, “Гоерги Димитров”, ”Здравко Цветковски” и ”Јахја Кемал” додека работилницата на албански јазик ја реализира Букурие Ајвази исто така обучен десиминатор и на оваа работилница учествуваа вкупно 35 учесници-ученици од две основни училишта: “Емин Дураку” од село Буковиќ и “Бајрам Шабани” во Село Кондово и Гимназијата ‘’Сарај”.

За вкупно 80 учесници вклучени во оваа програма ке бидат спроведени и обука за изработка, имплемнтација и документирање на микро проекти за добробит на заедницата.

< врати се назад