
Одржани првите ЦКА-ПХВ работилници
Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош на 13 и 14 февруари 2024 година ги спроведе првите ЦКА-ПХВ работилници на македонски и албански јазик со кои беа опфатени 31 ученик од СУГС „Никола Карев“, СУГС„Георги Димитров“, СУГС „Здравко Цветковски“, ООУ „Вера Циривири Трена“, ООУ „Јан Амос Коменски“ и 30 ученици од IX-то одделение од основното училиште „Бедри Таири“ во село Долно Свиларе-Сарај.
За време на двочасовната работилница, учесниците имаа можност да се запознаат со ЦКА-ПХВ програмата и да стекнат знаења и информации за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Работилниците беа реализирани од страна на обучените дисеминатори Ева Максимовска и Бејтула Идризи, а поддршка во организацијата дадоа и волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.