август 6, 2019

Oдржани 41-от општински натпревар на екипите по прва помош

                 На 23 Април 2019 година, Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош во спортската сала при основното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ го одржа 41-от општински натпревар по прва помош.

           На натпреварот учествуваа  вкупно 16 екипи составени од ученици од 12 основни училишта кои се натпреваруваа во категоријата на подмладок и 6 екипи составени од ученици од 4 средни училишта кои се натпреваруваа во категоријата младина.

         

            Во текот на натпреварот eкипите имаа можност да ги покажат своите стекнати знаења и вештини во давање на првата помош и воедно да допринесат во промовирање на важната улогата и значењето на првата помош за брза интервенција во санирањето на сериозни повреди кај луѓето.

                Првото место на овој натпревар во категоријата на млaдина го освои екипата од Средното училиште „Орце Николов“-Скопје која се стекна со право за учество на државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во периодот од 20-21 септември 2019 година во Битола, а во категорија на подмладок првото место го освои екипата од ОУ „Јоаким Крчовски“ – Скопје кои заедно со второпласираната екипа од ОУ„Димо Хаџи Димов“-Скопје  и трето пласираната екипа од ОУ „Страшо Пинџур“-Скопје исто така од категорија на подмладок,  во јуни оваа година ќе учествуваат на градскиот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во Скопје.

              На самиот настан на кој присуствуваа околу 170 лица,  покрај учениците од натпреварувачките екипи, учествуваа и голем број на волонтери, лекари и демонстратори по прва помош, соработници од воспитно-образовните институции и волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РМ-Општинска организација Карпош.

< врати се назад