февруари 18, 2020

Одржана втората дисеминациска работилница во рамките на ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година

       На 11 февруари 2020 година во просторот на библиотеката во Средното училиште ,,Никола Карев,, и во Сарај, се одржаа вторите две работилници за дисеминација за учесниците во ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година.

      Работилниците ги спроведоа парови на двајца инструктори на ЦКА-ПХВ програмата од Црвен крст на Град Скопје.
На работилницата на македонски јазик учествуваа вкупно 44 ученици од 3 основни училишта: Вера Циривири Трена, Мирче Ацев, Христијан Тодоровски Карпош и 4 средни училишта: “Никола Карев”, “Георги Димитров”, ”Здравко Цветковски” и ”Јахја Кемал”, додека на работилницата на албански јазик учествуваа вкупно 35 учесници-ученици од две основни училишта: “Емин Дураку” од село Буковиќ и “Бајрам Шабани” во Село Кондово и Гимназијата ‘’Сарај”.

     На двете работилници беа присутни волонтери од Клубот на млади кои се вклучија во поддршка при реализацијата, додека ЦКРСМ-ОО Карпош обезбеди оброк и пијалок за учесниците.

< врати се назад