октомври 21, 2019

Одблежување на 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица

 

                По повод одбележување на 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 7 Октомври 2019 година организираше креативна работилница за рачни изработки на украси и предмети која имаше за цел  елиминирање на дискриминацијата, намалување на нееднаквоста, обезбедување еднакви можности  и социјална и економска интеграција на старите лица во сите сфери на општественото дејствување.

                На еднодневната работилница, која се одржа во просториите на Општинската организација Карпош, учествуваа вкупно 10 претставници од ограноците на Здружението на пензионери „Тафталиџе“ – Скопје кои заедно со 8 волонтери од Клубот на млади ја потврдија својата иновативност, креативност, позитивен пристап и активна вклученост на старите лица. 

 

< врати се назад