септември 16, 2019

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИ ДЕН ПО ПРВА ПОМОШ

         Одбележувањето на Светскиот ден по Прва помош под мотото „Прва помош и маргинализирани лицa” Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со МВР – СВР Скопје го одбележа со  изведување на показни вежби за правилно укажување на прва помош.

           Истите се реализираа на 13 Септември 2019 година  во периодот од 11:00 до 12;00 часот пред платото на ТЦ  „City Mall“ во кои учество земаа 10 младинци од кои дел членови на првопласираната екипа на општинскиот натпревар по прва помош од Гимназијата,,Георги Димитров“ и волонтери од Клубот на млади на ОО Карпош, 7 професори и педагози од воспитно образовните институции и стручната служба од ОО Карпош. 

            На споменатата локација, возачите на моторни возила беа сопрени од страна на овластено лице на  МВР-СВР Скопје и имаа задача да укажат прва помош. За оние кои немаа доволно знаење им беа доделени ваучери за бесплатна посета на освежителен курс по прва помош во некоја од Општинските организации во Скопје  и прирачник за возачи со содржини од областа на укажување на прва помош.

           Самиот настан беше посетен од голем број на граѓани и случајни минувачи и воедно преставуваше можност да ја  подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да ги препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа.

< врати се назад