
Одбележување на Светскиот ден на детето
Во соработка со здружението „Macedonia Welcome Centre“, а по повод одбележување на Светскиот ден на детето, волонтери од Клубот на млади на Цвен крст на РСМ-Општинска оранизација Карпош и целната група-деца и млади вклучени во проектот “Хуманко” учествуваа на “DMWC Инклузивен базар за уметност и занаети“ кој се одржа на 19 ноември 2022 година во Мериот Хотел- Скопје. Почесен претседател на настанот беше.г-дин Хенрик Маркуш, Амбасадор на Р.Словачка во Р.С.Македонија и на истиот присуствуваа граѓанските организации на родители со деца со посебни потреби и други организации кои работат со лица со посебни потреби. Целта на промотивниот настан е да се помагаат лицата кои ги промовираат своите способности за самовработување преку продажба на нивните занаетчиски производи.




































