
септември 18, 2021
Одбележување на Светски ден на прва помош под мотото ,,Биди херој во твоето училиште и заедница”
Под мотото ,,Биди херој во твоето училиште и заедница” на 16 Септември 2021 во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во Жена парк во Скопје, Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности го одбележија Светскиот ден на Првата помош -11 септември.
Како дел од планираните активности, а во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на учениците и наставниот кадар, донирани се наменски опремени ранци со санитетски материјали и останата опрема за укажување прва помош за 31 средно училиште на територија на градот Скопје. Во секое училиште ќе биде обучена екипа за правилно и навремено укажување на прва помош, а едукациите ќе бидат контунирани во текот на целата година. Обуката ќе се реализира во координација со Општинската организација на Црвен крст на чија територија се наоѓа училиштето. На територијата на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај беа опфатни вкупно 9 средни училишта од кои 7 државни училишта: Гимназиите Орце Николов, Никола Карев, Георги Димитров, Кочо Рацин и Сарај, угостителско училиште “Лазар Танев, градежно училиште Здравко Цветовски, и две приватни гимназиски училишта “Нова” и “Јахја Кемал” -Скопје
На самиот настан на два поставени пункта преку симулација на повредени лица, случајните минувачи имаа можност да ги проследат демонстрациите на укажување на прва помош од страна на едуцирани волонтери на Црвениот крст и воедно да добијат информативни флаер со содржини од прва помош.




































