Одбележување на Неделата за борба против шеќерна болест
И оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош со свои активности традиционално ја одбележа “Неделата за борба против шекерната болест” која се одбележува во периодот од 10-16 Октомври под мотото “ Здрав начин на живот и дајебетот,,.
За таа цел до основните организации на Црвениот крст во воспитно-образовните институциии урбаните заедници и здруженијата на пензионери по електронски пат беа проследени насоките и визуелните презентации за одбележување на неделата.
На 19 октомври 2019 година од страна на лекар беше одржано едно едукативно предавања за 17 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош со цел да се подигне свеста и кај младата популација за последиците кои што дијабетот може да ги има врз самите нив и нивните блиски во семејства, а на 29 Октомври 2019 година од страна на лекар и медицинска сестра се спроведе акција за мерење на шеќер во крвта на 62 вработени лица во компанијата Адинг- Скопје.