
февруари 21, 2023
Одбележување на Неделата на срцево-садовите заболувања
Во рамките на активностите за одбележување на Неделата за борба против срцевосадовите заболувања под мотото „Здраво срце, среќно срце“ во Општинската организација на Црвен крст Карпош на 19.02.2023 година се одржа онлајн едукативно предавање за превенција на срцево-садовите заболувања. На едукацијата спроведена од страна на лекар, присуствуваа 38 слушатели- волонтери од Клубот на млади и нивни родители кои покажаа максимално внимание и интерес и воедно имаа можност за добијат одговори на прашања и консултации поврзани со срцевосадовите заболувања.




































