декември 3, 2019

Одбележување на Неделата на грижа за старите лица

              Во одбележување на Неделата за грижа на стари лица во периодот од 18 до 24 Ноември под мотото “Сите сме нивни деца”, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош  во соработка со Здруженијата на пензионери “Тафталиџе ” и  ”Ѓорче Петров ”, на 12 и 23 Ноември 2019 година спровед  две акции за мерење на крвен притисок и параметри во крвта и едно превентивно предавање за шеќерна болст  на кои беа опфатени вкупно 82 стари лица.

             Во соработка со Здружението за борба протв Алцхајмеровата болест, на 22 Ноември 2019 година се одржа едно едукативно предавање за Алцхајмерова болест за 42 стари лица,  а на 24 Ноември , 20 волонтери од Клубот на млади и  од Училишните клубови на Црвен крст во основните училишта “Мирче Ацев” и ”Ѓорче Петров”,   посетија 80  корисници на домот за стари лица “Мајка Тереза” во Скопје.

              Во текот на Неделата беше организиран и ликовнo-литературен конкурс на тема “Грижа за старите лица” на кој учество земаа 80 ученици од три основни училишта.

 

 

< врати се назад