
Одбележување на Недела за борба против срцево садови заболувања
Во рамките на одбележувањето на Неделата на борба против срцево-садовите заболувања (21-28 февруари), од страна на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош и основните организации на Црвениот крст во воспитно-образовните институции, беа проследени препораките за спроведување на активности со визуелни презентации и типизирани предавања.
На 23 Февруари 2019 година, за 29 волонтери од Клубот на млади, медицинско лице реализираше една едукативна работилница, а наредниот ден заедно со уште 12 членови од Клуб на Црвен крст во ОУ,,Вера Циривири Трена“ организираа пешачење на падините на планината Водно.
Оваа активност младите ја искористија за дистрибуција на налепници со креативна порака за одбележување на Неделата и делење на свежо овошје меѓу 100 граѓани-рекреативци со цел промовирање на здравата храна како значаен фактор во превенцијата во борбата против болестите на срцето и крвните садови.