декември 23, 2019

Одбележување на Недела на забоздравствена заштита

            Во одбележување на Неделата на забоздравствена заштита  ( 15-21 Декмври) а со цел зголемување на здравствената свест и култура кај  најмладата популација  за значењето на забоздравствената заштита , Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во периодот од 16-19 декември 2019 година реализира шест едукативни предавања за учениците од основните училишта во општина Сарај.

          Од страна на волонтер лекар-стоматолог  по две едукативни предавања се одржаа во Централното  основно училиште „Дитурија“ во Сарај на кое беа опфатени опфатни 52 ученици од прво одделение и  во подрачното училиште во село Грчец на кое беа опфатени уште 66 ученици од прво оделение.

           По едно едукативно предавање се спроеде и во  Централното основно училиште „Дрита“  во Сарај за 32 ученици од прво оделение и во подрачното училиште во село Копаница на кое беа опфатени уште 26 ученици од прво одделение.

            Вкупно 176 ученици од најмалата возраст имаа можност да се запознаат за важноста од правилно одржување на оралната хигиена  но и со значењето од правилна и здрава исхрана.     

< врати се назад