декември 12, 2019

Одбележување на недела на за борба против ХИВ/СИДА

Во одбележувањето на Неделата за борба против ХИВ/СИДА во приодот од 1 до 7 Декември, во Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош  од страна на три едуцирани врснички едукатори беа спроведени 6  едукативни предавања  за вкупно  152 млади лица.

По  едно едукативно предавање  се одржа на  3  декември 2019 година во ОУ,, Јан Амос Коменски,,  на кое беа опфатени 23 ученици од  8-мо и 9-то одделение, а на 7 декември  во Клубот на млади на Општинската организација Карпош  за 25 волонтери.

По две едукации беа одржани и на  5  декември во Гимназијата ,,Никола Карев,, за 58 ученици од II-година и на 10 декември 2019 година во  Гимназијата ,,Здравко Цветковски,, на кое беа опфатени за  56 ученици од I-година..

Целта на ове едукации имаа за цел да допринесат во спроведувањето  на превентивно-здравствената заштита и подигнување на свеста  кај младите за  причините, ризиците и последиците од ХИВ/СИДА.

 

 

< врати се назад