
Одбележување на Недела на ЦКА-ПХВ
Во рамките на активностите за одбележување на Неделата “ЦКА-ПХВ”-Неделата на Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности, 13 волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош и 10 деца и млади со попреченост од целната група на проектот “Хуманко” во текот на месец септември реализираа три креативни работилници на кои изработија беџови и транспаренти со пораки за промовирање на соживотот, мирот и толеранцијата меѓу луѓето.
На 25 Септември 2019 година, вкупно 96 лица од Општинската организација Карпош- волонтери од Клуб на млади, деца и млади со пореченост и нивни родители, ученици од основни и средни училишта, членови од здруженија на пензионери, и вработени во Црвениот крст заедно со учесниците од Општинските организации на територија на град Скопје- Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Центар и Црвен крст на град Скопје беа дел од ЦКА-ПХВ дефилето кое се одржа под мотото “ Дефилирај, не се фолирај!” “ Defilo, mos u shtir!” Самиоот настан започна во 11.00 пред СУГС ”Орце Николов”, и околу 500 лица по рута од два километри се движеа по бул. Илинден до крајната дестинација „Школка“ во Градски парк каде ќе имаше и пригодна програма.