
февруари 20, 2024
Одбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања
Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 21 до 28 февруари 2024 година ќе ја одбележи Неделата на борба против срцевосадови заболувања, под мотото “Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања”.
Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт како во светот така и во Република Северна Македонија. Се проценува дека 17,9 милиони луѓе починале од срцевосадови заболувања во 2019 година, што претставува 32% од сите глобални смртни случаи. Во Република Северна Македонија повеќе од 57 % од смртните случаеви се последица на срцевосадовите заболувања.
Срцеовосадова болест е болест на срцето и крвните садови, претежно предизвикана од атеросклероза, односно промени, оштетувања и наслаги на ѕидот на артериите.
Сите срцеви заболувања, васкуларните заболувања на мозокот и мозочните крвни садови се кардиоваскуларни заболувања.
Вообичаените срцеовосадови заболувања вклучуваат корорнарна срцева болест (на пр. срцев удар) и цереброваскуларни заболувања (на пр. мозочен удар).
Контрола на фактори на ризик, како што се исхрана, физичка активност, употреба на тутун и контрола на крвниот притисок може да го намали ризикот од срцеовосадови заболувања.
