
февруари 22, 2020
Одбележување на Недела на борба против срцево-садови заболувања
Со цел одбележување на неделата на борба против срцево – садовите заболувања и подигнување на свеста за заштита и превенција од срцево – садови заболувања и превентивно делување, од страна на Клубот на млади беше планиран Марш до Средно Водно, меѓутоа поради временските услови, на ден 22.02.2020 беше реализиран едукативно-рекреативна посета на Средно Водно и врвот на Водно.

На активноста беа вклучени 50 учесници, истите активно се вклучија во 2 претходно планирани предизвици и тоа :
– информирање на посетителите на Водно за Неделата за одбележување на срцево садови заболувања и лепење на претходно поготвени налепници
– еколошка акција за собирање на отпадоци на средно Воднопреку забавно-едукативна игра:
Учесниците предизвиците ги реализираа преку едукативно – забавна игра и имаа можност преку заеднички игри и вежби да се стекнат со информации значајни за превенција на срцево-садовите заболувања и грижа за здравјето.
Општинската организација на Црвен крст Карпош за настанот обезбеди освежителни пијалоци, појадок и по 2 парчиња овошје.
Активноста беше поддржана од страна на Јавното собраќајно претпријатие на Град Скопје, кои им овозможија сите учесници бесплатно користење на жичницата и бесплатен автобуски превоз.

