Одбележување на Недела на борба против гладта 16-22 октомври
Светскиот ден на храната – 16 октромври, е ден на акција посветен на справување со гладта. Целта е да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Светскиот ден има за цел да ги инспирира луѓето во развиените и земјите во развој да ја покажат својата солидарност и да дадат поддршка за да овозможат уште многу луѓе да го надминат проблемот со гладта и сиромаштијата и да станат независни. Фокусот на денот е дека храната е основно човечко право. Организацијата за храна и агрикултура при Обидинетите нации проценува дека во светот повеќе од 820 милиони луѓе живеат со хроничен глад, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст умираат поради хронична ненахранетост.
Ширењето на КОВИД-19 низ земјите во светот значи дека 265 милиони луѓе може да се соочат со сериозна несигурност за храна или глад. Од страна на Светската програма за храна на ООН, се вели дека во исто време кога справуваме со пандемијата КОВИД-19, исто така сме на работ на пандемија на глад.
Црвен крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во глобалните акции за борбата против гладта со организирање на кампања „Помислете и на нас“, која ќе се спроведе преку Црвениот крст на град Скопје и Општински организации на Црвениот крст. Ги покануваме сите оние кои имаат можности да се вклучат и дадат поддршка на нашата основна кампања за да им се помогне на најранливите лица во заедниците.
Активностите на кампањата, ќе се спроведат во рамките на Неделата за борба против гладта од 16 до 22 Октомври 2020 година.
Акција за обезбедување на донации во парични средства преку:
- Сметка на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 3000000013227966 Даночен број: 403984271620 АД Комерцијална банка Скопје,
- Донации од 100 денари со повика на мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400



































