декември 3, 2019

Одбележување на Недела на борба против гладта

           Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против гладта која во периодот од 16 до 22 октомври се спроведуваше под мотото ,,Помислете и на нас,, Црвен крст на  Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош реализираше повеќе активности за обезбедување на хуманитарна помош за ранливото население.

        Во  Гимназијата ,,Здравко Цветковски“ и во основното училиште ,,Тихомир Милошевски“ беа реализирани собирни акции за собирање на прехрамбени производи и облека, а Клубот на млади на ОО Карпош реализира продажен хуманитарен штанд во маркетот Веро.

         Од спроведените активности беа обезбедени вкупно 220 кгр. половна облека, обувки и постелнини и 199 кгр. прехрамбени производи а целата обезбедена помош беше доделена на 70 лица од 21 семејство во  социјален ризик.

        Во акцијата беа вклучени 30 ученици и 26 волонтери од Клубот на млади на општинската организација кои остварија 264 волонтерски часа.

< врати се назад