
Одбележување на 8 Мај-Светски ден на Црвен крст крст и Црвена полумесечина и Неделата на Црвен крст на Република Македонија
Во рамките на активностите за одбележување на 8-Мај Свесткиот ден на Црвениот крст, Неделата на Црвениот крст на Р. Македонија од 8-15 Мај и воедно одбележување на 100 години од формирањето на Мегународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина кои оваа година се спроведуваат под мотото ,,Што ви се допаѓа во Црвенит крст и Црвената полумесечина“ #Љубов, Црвен крст на Р. Македонија-Општинска организција Карпош на 8 Мај 2019 година спроведе две дисеминациски сесии за 32 ученици од V-то одделение во Основното училиште ,,Аврам Писевски,,- во Бардовци и за уште 27 ученици исто така од 5-то одделение од Основното училиште ,,Петар Поп Арсов,, во Карпош.
Во периодот од 6 до 14 Мај се спроведе i конкурс на ликовни и литературни творби на тема поврзани со историјатот и активностите на Црвениот крст, а на 14 мај 2019 година, три волонтери од Клубот на млади се вклучија во заедничките активности за одбележување на отворениот ден во Средното училиште ,,Георги Димитров“ – Скопје каде на поставен штанд на Црвениот крст пред присутните учесници на овој настан делеа информативно – пропаганден материјал и воедно даваа одговори на прашања поставени од заинтересираните посетители поврзани со содржините на активностите на Црвениот крст