
Одбележување на 3 Декември-Меѓународен ден на лица со посебни потреби и 5 Декември-Светскиот ден на волонтеризмот
Меѓународните денови служат како одлични прилики за да ја едуцираат и мобилизираат јавноста за прашања од интерес и да ги мобилизираат ресурсите во решавање на глобалните проблеми, а исто така, и да ги слават и зајакнат достигнувањата на човештвото.
И оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во координарини активности со Црвениот крст на град Скопје и со активности на локално нови се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби кој оваа година се одбележуваше под мотото: Промовирање на учеството на лицата со посебни потреби и нивното лидерство: преземање акција за 2030 Развојната Агенда и во одбележувањто на 5 Декември-Светскиот ден на волонтеризмот.
На 4 Декември 2019 година, со поддршка и помош на Општина Центар а во присуство на Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, Црвениот крст на град Скопје го отвори Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години. Отварањето на еден ваков Центар претставува голем чекор напред во процесот на деинституционализацијата кој е исклучително важен за обезбедувањето поквалитетен живот за овие граѓани па во оваа прилика Градоначалникот Петре Шилегов упати апел до сите општини да го следат примерот на Црвениот крст и Општина Центар а воедно по повод 5 декември-Мег. ден на волонтеризмот, за посветениот волонтерскиот ангажман и придонес во остварување на мисијата на Црвен крст додели благдарници на:
• Дабески Марко од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Карпош
• Наумовска Маја од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Кисела Вода
• Филип Ивковски од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Гази Баба
• Исра Зенделовска од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Чаир
• Драган Тануровски од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Центар
• Синиша Зукиќ од Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје
• Александар Бојковски од Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје