јануари 31, 2025

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош го одбележа „Светскиот ден на волонтерството“ – 5-ти декември под мотото „Во заштита на хуманоста“ со низа активности кои имаа за цел оддавање на благодарност и признание за придонесот на волонтерите кои припаѓаат на сите генерации, од најмладите до највозрасните, кои во духот на хуманоста обезбедуваат поддршка за спроведување на активностите наменети за најразлични корисници на услуги на Црвениот крст на РСМ.

            На 5.12.2024 година од 12 часот во хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје се реализираше централниот настан на ЦКРСМ кој претставуваше меѓугенерациска средба на волонтерите од целата земја. На настанот од ЦКРСМ – ОО Карпош присуствуваа истакнатите волонтери Калина Величковска, Билјана Костова и Снежана Трајковска.

            На 7.12.2024 година се реализираше традиционалната активност на Клубот – доделување на благодарници на 5те најактивни волонтери во 2024 година. Оваа година за најактивни волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош беа избрани: Александар Анастасов, Ева Максимовска, Зоки Недељковиќ, Калина Величковска и Коста Дикоски. Дополнително во рамки на оваа активност реализирана е електронска промоција на наградените волонтери.

< врати се назад