
Одбележување на Светскиот ден на туберкулозата
Секоја година се одбележува Светскиот ден на туберкулозата (ТБ) – 24 ти март, со цел подигнување на јавната свест за катастрофалните, здравствени, економски и социјални последици од ТБ и воедно да се интензивираат напорите за ставање крај на глобалната епидемија од ТБ.
Во 1882 година д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата која предизвикува туберкулоза, со што го отворил патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.
Туберкулозата претставува заразно заболување предизвикано од бактеријата Mycobacterium tuberculosis и истото се пренесува аеро-капково. Само неколку микроорганизми се потребни за да предизвикаат инфекција. Годишно во светот околу 10 милиони луѓе заболуваат од туберкулозата и покрај тоа што е болест што може да се превенира, додека околу 1.5 милиони секоја година умираат од ова заболување.
Употребата на тутун во голема мера го зголемува ризикот од туберкулоза и смртен исход. 7,9% од случаите на ТБ во целиот свет се припишуваат на пушењето.
Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како (треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесни-непрепознатливи симптоми неколку месеци. Ова може да доведе до доцна нега и да резултира со пренесување на бактериите на други луѓе. Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година.