јануари 31, 2025

Одбележување на Неделата за грижа на старите лица

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 17 ноември 2024 декември организираше посета на корисниците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, Скопје по повод одбележување на Неделата за грижа на старите лица, која се реализира секоја трета недела во месец ноември како календарска активност на Црвениот крст.

Волонтери од Клубот на млади и Клубот на родители на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош подготвија и спроведоа двочасовна забавна активност – БИНГО за корисниците во Домот. Тројцата со најмногу погодоци добија симболични награди. Активноста помина во ведра атмосфера со многу насмевки на лицата на корисниците.

Во оваа активност учествуваа 13 волонтери кои остварија 44 волонтерски часа.

< врати се назад