мај 28, 2025

Одбележување на Неделата на солидарност

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 15 до 20 април 2025 година ја одбележа календарската активност „Неделата на солидарност“ чија цел е намалување на ранливоста на лицата во социјален ризик. Во рамки на Неделата беа реализирани собирни акции за собирање на прехрамбени производи во СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Лазар Танев“.

Од собирните акции беа обезбедени 117 кг прехрамбени и хигиенски производи кои се спакувани и поделени на 8 семејства во социјален ризик.

< врати се назад