мај 26, 2026

Одбележување на Неделата на хигиенизација

Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 08 до 15 април 2026 година, ја одбележа Неделата на хигиенизација под мотото „Хигиената – лична обврска за колективно здравје“. По повод Неделата, Црвен крст на РСМ – ОО Карпош во текот на месец април 2026 година организираше една креативна работилница за 26 деца и млади – целната група на проектот „Хуманко“, како и 12 едукативни предавања за 255 ученици од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Јоаким Крчоски“.

Преку реализираните активности учениците имаа можност да се информираат за значењето на личната и колективната хигиена, како и за нејзината улога во превенцијата од заразни заболувања и зачувувањето на личното и јавното здравје. Со подигнување на свеста за хигиенските навики се придонесува кон создавање поздрава и побезбедна средина за сите.

< врати се назад