Одбележување на Неделата на борбапротив срцево-садови заболувања
По повод одбележување на Неделата на борба против срцево-садови заболувања под мотото „Здрав живот, здраво срце“ од 21-28 февруари 2026 година, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, спроведе едукативни предавaња, ликовни работилници, спортски игри и инфо-катчиња во основните училишта Емин Дураку – Сарај, Владо Тасевски, Јан Амос Коменски и Аврам Писевски и во средните училишта Кочо Рацин и Георги Димитров.
За промоција на здравиот начин на живот, волонтерите од Клубот на млади заедно со ученици од воспитно-образовните институции, традиционално ја организира пешачката активност „Марш до Средно Водно“.
Преку овие активностите, вкупно 260 ученици и 10 наставници имаа можност да се запознаат со ризик-факторите и симптомите за рано препознавање на срцево-садовите заболувања и за превенција на истите преку воведување на здрави животни навики и поттикнување на одговорност за сопственото здравје.





































