октомври 3, 2025

Одбележување на Неделата на борба против туберкулоза

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14 до 21 септември 2025 г. ја одбележа Неделата на борба против туберкулоза под мотото „Да ставиме крај на ТБ“. Одбележувањето има за цел да се подигне јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економското влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикне забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош по повод Неделата, реализираше хуманитарна акција преку која се обезбедија 2 инхалатори за ЈЗУ „Институт за белодробни заболувања кај децата Козле“. Дополнително на 16.09.2025 г. во ООУ „Војдан Чернодрински“ беше организирано едукативно предавање за 38 ученици од 8 и 9 одделение за превенција од туберкулозата. Во овие активности се вклучија 8 волонтери кои остварија 36 волонтерски часа.

< врати се назад