март 19, 2024

Одбележување на Неделата на борба против срцево-садовите заболувања

Во одбележување на Неделата на борба против срцево-садовите заболувања, под мотото „Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања“, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош спроведе две превентивни едукации во Основно училиште „Владо Тасевски“-Карпош на кои 51 ученик од вторите одделенија, преку креативни уметнички творби имаа можност да информираат за превенција од срцево-садовите заболувања. Традиционално по шести пат на 23 февруари 2024 година се реализира рекреативно-едукативниот марш до Средно Водно на кој учествува  76 млади лица-ученици од средните училишта Здравко Цветковски, Никола Карев, Лазар Танев Георги Димитров, основното училишта Петар Поп Арсов, членови и волонтери од Клубот на млади и целна група од проект „Хуманко“ за кои се спроведе превентивна едукација на тема од срцево-садовите заболувања и им се доделија благодарници за учество на настанот.

< врати се назад