
март 26, 2026
Одбележување на Неделата на борба против ракот
По повод одбележување на Неделата на борба против ракот, под мотото „Превенцијата спасува животи“од 01-08 март, Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош, реализира три превентивни едукации за ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“, ООУ „Вера Циривири Трена“ и ООУ „Војдан Чернодрински“ и 2 едукативни работилници за волонтери од Клубот на млади и деца и млади со попреченост.
Преку овие активности вкупно 168 млади лица имаа можност да се информираат за ракот како болест на современото општество, најчестите ризик-фактори, како и за значењето на раната детекција и превенцијата во намалување на последиците од оваа болест.




































