февруари 28, 2025

Одбележување на Неделата на борба против ракот

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 01 до 08 март секоја година ја одбележува Неделата на борба против ракот.

Основната причина за ракот официјално била откриена пред 1923-та година. Во 1931 година, германскиот научник Ото Хенрих Варбург (1883-1970) добил Нобелова награда за мир за пронаоѓање на основната причина за ракот, па така, тој открил дека оваа болест е резултат на анти-физиолошкиот начин на живот, односно исхраната богата со намирници кои скиселуваат и недостатокот од физичка активност, што на крајот во телото создава кисела средина недоволно снабдена со кислород.

РАКОТ Е ОДБРАНБЕН МЕХАНИЗАМ НА ОРГАНИЗМОТ

ПРОТИВ КИСЕЛОСТА! КИСЕЛОСТА И АЛКАЛНОСТА НА ОРГАНИЗМОТ ЗАВИСАТ ОД ХРАНАТА!

Храна која го закиселува организмот:

  • Рафиниран шеќер и сите негови деривати! Шеќерот е најштетен затоа што нема белковини, масти, витамини или минерали, туку само рафинирани јаглехидрати, а неговата pH вредност изнесува 2,1 – многу кисело!
  • Сите видови на месо
  • Производи од животинско потекло: млеко и сирење, павлака, јогурт и слично…
  • Рафинирана сол
  • Рафинирано брашно и сите негови деривати, како што се тестенините, бисквитите, тестото и слично…
  • Леб
  • Маргарин
  • Кофеин
  • Алкохол
  • Тутун
  • Сета индустриски преработена и конзервирана храна со конзерванси, вештачки бои, арома, стабилизатори и слично…
  • Антибиотиците и воопшто, сите лекови
< врати се назад