декември 25, 2025

Одбележување на Неделата на борба против ХИВ/СИДА

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во периодот од 1-7 декември 2025 година ја одбележа Неделата на борба против ХИВ/СИДА под мотото ,,Едуцирај се, превенирај ХИВ/СИДА”.

Неделата се одбележа преку одржување на 4 едукативни предавања за 122 лица – ученици од основното училиште „Војдан Чернодрински”, средното училиште „Никола Карев” и волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска Организација Карпош.

Целта на едукативните предавања беше да се поттикне свеста за ризиците и превенцијата, заштитата и последиците од сексуално-преносливите инфекции.

< врати се назад