јануари 31, 2025

Одбележување на Неделата на борба против гладта

Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод „Неделата на борба против гладта“ која се одбележа од 16 до 22 октомври 2024 година, организираше кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на ранливите граѓани.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании, со воспитно-образовни институции, здруженија на граѓани, и  граѓаните.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.

Имплементатор на активностите се Општинските организации на Црвениот крст на РСМ, меѓу кои е и Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош која реализараше собирни акции за прехрамбени и хигиенски продукти во 2 основни и 3 средни училишта, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжињерство и собирна акција за собирање на парични средства организирана од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош во Градскиот парк. Од сите реализрани активности се обезбедени вкупно 856 кг храна и 60 кг хигиена, односно вкупни 916 кг хуманитарна помош во производи. Од собраната помош подготвени се 70 хуманитарни пакети кои се поделени на 70 социјално загрозени семејства, односно 280 лица во социјален ризик.

Во реализација на активностите се вклучија 25 волонтери кои остварија 130 волонтерски часа.

< врати се назад