ноември 14, 2025

Одбележување на Недела на борба против гладта

Во рамки на одбележување на Неделата на борба против гладта, волонтери од Клуб на млади на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 18 до 20 октомври 2025 година во објектот на Маркет „Веро„ во Тафталиџе спроведоа тридневна хуманитарна акција на која обезбедија финансиски средства за набавка на прехрамбени производи. Во соработка со воспитно-образовните институции, во основните и приватните училишта и во градинките беа организирани и реализирани хуманитарни акции за прехрамбени производи и хигиенски средства.  Во координација со Црвен крст на град Скопје, во периодот од 3-9 ноември, хуманитарна акција за обезбедување на хуманитарна помош се спроведе и со вработените во објектот „Лафома“ на компанијата Алкалоид Скопје, а од страна на компанијата „Жито Лукс“ беа донирани 150 леба. Во кампањата беа обезбедени вкупно 3979 кг. прехрамбени производи, 265 кг. хигиенски средства и 220 кг. половна облека, од кои беа подготвени 327 пакети со храна и 26 пакети со хигиена и истите беа доделенеи 272 семејства во социјален ризик.

< врати се назад