
декември 4, 2025
Одбележување на Месецот на борба против болестите на зависност
Во рамки на активностите за одбележување на Месецот на борба против болестите на зависност кој оваа година се одбележува под мото „Информирај се и донеси одлука!“, Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош спроведе 5 врснички едукации со кои беа опфатени 165 ученици од 7, 8 и 9то одделение од Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош и 2 панел дискусии за 95 ученици од Средните училиште „Никола Карев“ и „Орце Николов“.
Преку активностите учениците имаа можност да се запознаат со ризик факторите, штетните последици, препознавањето и заштитата од болестите на зависност.




































