
ноември 4, 2026
Одбележување на јубилеј 100 години од основањето на Зоолошката градина Скопје
По повод големиот јубилеј – 100 години од основањето на Зоолошката градина во Скопје, волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош беа поддршка на настаните за одбележување на 24 и 25 октомври 2026 година.
Вкупно шест волонтери беа присутни на забавните активности наменети за посетителите во Зоолошката градина. Дополнително, во знак на меѓусебна соработка и поддршка, претставници на ЦКРСМ-ОО Карпош беа дел од централното одбележување на јубилејот.
Во името на членовите, волонтерите и вработените во Црвениот крст Карпош, им го честитаме големиот јубилеј на Зоолошката градина – Скопје.







































