декември 10, 2025

Одбележување на 5¬ти декември, Светскиот ден на волонтерство

Во рамки на активностите за одбележување на 5¬ти декември, Светскиот ден на волонтерство, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош на 5 декември 2025 година во Домот за стари лица „Ѓорче Петров“ организира и спроведе здравствено-превентивна акција за мерење на крвен притисок за 50 стари лица.

Во мерењето на крвниот притисок покрај обучените волонтери од Црвениот крст се вклучи и Градоначалникот на општина „Ѓорче Петров„ Г-дин Александар Стојкоски и претствници од советот на Општината и општинската администрација.

Преку овие активност политичарите како јавни личности со личниот пример на граѓански ангажман пратија силна порака дека волонтерството е за сите, дека служат на заедницата, го поттикнуваат моделот на општествена одговорност, ја зајакнуваат културата на солидарност и хуманост и свеста за волонтерство, за градење посилно, поемпатично и пообединето општество.

< врати се назад