
октомври 30, 2026
Одбележување на 18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, по повод одбележувањето на оваа календарска активност, реализираше превентивни и едукативни активности насочени кон подигнување на свеста на населението за превенцијата од трговијата со луѓе.
Двајца едукатори реализираа три едукативни предавања:
- Две предавања се реализираа на 19.10.2026 г. и беа наменети за 57 ученици од трета година.
- На 24.10.2026 г. се реализираше предавање за 33 волонтери од Клубот на млади.
Дополнително, во рамките на одбележувањето на оваа календарска активност, ЦКРСМ – ОО Карпош спроведе онлајн промоција на промотивни материјали од ЦКРСМ, а еден волонтер од Клубот на млади подготви и интерен плакат за онлајн промоција на информации поврзани со оваа тема.






































