октомври 21, 2019

Неделата на Млади 1- 7 октомври 2019

Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на млади на Црвен  крст која оваа година се спроведува од 1-7 Октовмри под слоганот Инфлуенсирај-волонтирај,  волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 1 Октовмри 2019 година организираа отворен ден  на кој присуствуваа  31 ученик од  формираните училишни клубови  во основните училишта „Јан Амос Коменски”  и  „Вера Циривири Трена“.

На отворениот ден кој се одржа во просториите на Општинската организација, преку видео презентација учениците имаа можност  да се запознаат со волонтерството и волонтирањето во организацијата и активностите  во Клубот на млади, а истовремно во основното училиште „Мирче Ацев” и „Јан Амос Коменски”  беа организарани настани за прием на нови волонтери и членови од училишните клубови.

 

За информирање на поширока маса од страна на Клубот на млади  беше изработен промотивен  постер кој беше поставен на влезот на 5 основни училишта и 4 средни училишта.

< врати се назад