
април 2, 2025
Обука по прва помош за волонтери од Клубот на млади
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во месец март 2025 година спроведе основна обука по прва помош за волонтерите од Клубот на млади. Обуката се одржа во период од два дена на 09 и 23 март 2025 година од 10 до 15 часот во објектот на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош.
Обуката беше со цел обучување на 6 волонтери со основните информации и способности од областа на првата помош кои во следните два месеци ќе бидат вклучени во подготовките на општинскиот натпревар по прва помош на ЦКРСМ-ОО Карпош за 2025 година. Со обуката се опфатија содржини поврзани со значењето на првата помош, пристап и процена на настрадано лице, материјали за укажување на прва помош, демонстрирање и практично увежбување на третирање на повреди.

