јануари 8, 2020

Новогодишна собирна акција ВЕРО 2019

                  Традиционално, по 20ти пат Клубот на млади на ЦКРСМ- Општинска организација Карпош во периодот од 27 до 30 декември 2019 година ја реализираше новогодишната собирна акција во маркетот VERO – Тафталиџе.  За време на акцијата беше поставен хуманитарен штант на кој граѓаните имаа можност да донираат прехрамбени производи, хигиенски производи и парични средства.

              За поуспешна реализација на акцијата беше изработен флаер во 400 примероци и беа реализирани 3 работилници каде што волонтерите од Клубот изработија 400 рачни изработки кои за време на собирната акција беа делени во знак на благодарност за дадените донации.

         

           За време на собирната акција беа собрани 180 кг. прехрамбени и хигиенски производи кои беа спакувани во 16 хуманитарни пакети и 80 новогодишни пакетчиња кои беа поделени на социјално-загрозени семејства и деца и млади од ранливи категории. Во подготовката и реализацијата на собирната акција и делењето на собраната хуманитарна помош се вклучија 41 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ- Општинска организација Карпош кои остварија 350 волонтерски часа.

< врати се назад