
Новогодишна работилница
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 20.12.2025г. беше реализирана 3 часовна креативна работилница за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој. Оваа активност беше реализирана во соработка со социјалното претпријатие Bilkilife – Скопје и компанијата за брза достава ELS – Скопје.
Работилницата беше со цел да се промовира значењето на билките, да се поттикнат еколошките навики и да се запознаат учесниците со процесот на праќање пратки преку разговор за билките, изработување новогодишни украси од суви растенија, подготовка на новогодишни честитки. На крајот, на сите учесници им беа поделени благодарници за учество и новогодишни пакетчиња. На активноста беа присутни 28 лица од целната група и волонтери од Клубот на млади.




































