јануари 31, 2025

Новогодишна магија за 100 деца и млади

Традиционално, по петти пат на 03-ти јануари 2025 година волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош спроведоа теренска посета на домовите на 100 деца и млади со цел делење на новогодишни пакетчиња.

Со оваа активност беа опфатени деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од еднородителски семејства, од семејства во социјален ризик и деца со типичен развој од целната група на проектот „Хуманко“ и базата со корисници на Црвен крст Карпош.

Во активноста беа вклучени 9 волонтери. Освен новогодишните пакетчиња, за време на активноста меѓусебно беа подарени и разменети и многу прегратки, детски насмевки и убави зборови.

< врати се назад