
Недела на грижа за старите лица
Во одбележување на Неделата на грижа за старите лица под мотото „Сите сме нивни деца“, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 18 ноември 2022 година спроведе акција за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта за старите лица. На акцијата која се одржа во просториите на Здружението на пензионери „Ѓорче Петров“ во периодот од 10:00 до 12:00 часот од страна на медицински лица беа извршени мерења на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта на 53 пензионери. На лицата кај кои се утврдија повисоки вредности им се даваа совети и се упатувaа на натамошни прегледи преку својот матичен лекар. Воедно волонтери од Клубот на млади го посетија Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани и на корисниците на Домот им подарија симболични подарци.




































