
октомври 16, 2026
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА: „Помислете и на нас!“
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 16 до 22 октомври традиционално ја одбележува Неделата на борба против гладта. Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош и оваа година активно се вклучува со цел обезбедување хуманитарна помош за најранливите категории граѓани во нашата заедница.
Секој од нас може да помогне и да направи промена! Еве како можете да се вклучите:
- Собирна акција во службен објект на ЦКРСМ – ОО Карпош (ул. Орце Николов бр. 155-в) во работните денови во периодот од 19 до 30 октомври од 09 до 15 часот, може да донирате прехранбени артикли.
- Основните училишта на територија на Општина Карпош, Ѓорче Петров и Сарај ќе реализираат собирни акции во рамките на самите училишта.
- Клубот на млади ќе реализира акција со касички за собирање парични средства, од кои ќе се набават прехрамбени производи.
- Со телефонски повик на 143-400 донирате 100 денари.
- Донации на жиро-сметка на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, Даночен број: 4030984271620, Банка: АД Комерцијална банка Скопје
- Апел до бизнис секторот: Ги повикуваме сите општествено одговорни компании да организираат собирни акции за храна во рамките на своите работни места и да бидат пример за хуманост!
Да покажеме солидарност и да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно!





































